По невремето кое ги погоди одредени делови од Србија, особено се исплашија жителите на Јагодина кои забележаа необична појава во својот град.
Имено, како што може да се види на снимките кои сеге веќе го преплавија Фејсбук, Твитер и Јутјуб, во Јагодина на небото се појавило торнадо.
Невремето почнало околу 13:30 и траело околу половина час. Веднаш потоа над градот од западната страна се појавил црн облак во вид на пијавица.
Во радарскиот центар на Бешанија велат дека дејствувале со градобијни ракети, а ситен град паѓал во Чуприја, Јагодина и во околните села.
По торнадото останал пустош. Летале покриви од куќите, а многу од куќите претрпеле и материјална штета.