Пустош по торнадото, погледнете како изгледа Јагодина по невремето (Видео)


По невремето кое ги погоди одредени делови од Србија, особено се исплашија жителите на Јагодина кои забележаа необична појава во својот град.tornado-jagodina-nevreme-pustos-foto-citalac-kurira-1464100748-913641-520x351

Имено, како што може да се види на снимките кои сеге веќе го преплавија Фејсбук, Твитер и Јутјуб, во Јагодина на небото се појавило торнадо.

Невремето почнало околу 13:30 и траело околу половина час. Веднаш потоа над градот од западната страна се појавил црн облак во вид на пијавица.tornado-jagodina-nevreme-pustos-foto-citalac-kurira-1464100748-913643-520x351

Во радарскиот центар на Бешанија велат дека дејствувале со градобијни ракети, а ситен град паѓал во Чуприја, Јагодина и во околните села.

По торнадото останал пустош. Летале покриви од куќите, а многу од куќите претрпеле и материјална штета.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1