Претседателот на Русија Владимир Путин, четири часа одговараше на прашањата на граѓаните на Русија.
Најбројни беа прашањата за Крим, Украина и за извозот на гас. Снимката од емисијата „Директна линија“ беше објавена на Јутјуб.
Во продолжение прочитајте ги најинтересните прашања кои му беа поставени на Путин, и неговите одговори:
Дали се сложувате доживотно да останете претседател на Русија?
Путин-Не.
Што мислите, дали би Ве спасил Обама, ако се давите?
Путин- Топло се надевам дека тоа нема да се случи. Како што знаете, односите меѓу двете земји не се лични. Така е и со односите меѓу Русија и Америка. Се надевам дека би постапил како човек и би ме спасил.
Изгледа дека нема доверба меѓу САД и Русија. Кои би биле вашите чекори за двете земји повторно да бидат пријатели?
Путин-Довербата е изгубена, но тоа не е поради нас. Нивните пораки се разочарување за нас. Погледнете ја Југослација, Ирак, Либија. Еве уште еден пример-Косово. Тоа е така очигледно прашање за оние кои се занимаваат со политика. Таму им беше дозволено да употребат сила. Обичен граѓанин смета дека не требаат двојни стандарди. Ние сме за меѓународно право, а не за политика на сила.
Дали во Украина има руска војска?
Путин- Тие тврдења на Западот не се точни. На истокот на Украина нема никакви руски специјалци.