Путин: Американци не се мешајте – Русија ќе ги штити своите деца од геј пропагандата


Рускиот претседател Владимир Путин ги повика европските земји да не се мешаат во внатрешните работи на Русија, особено кога станува збор за правното регулирање на ширењето информации за сексуалните малцинства.

217353_putin-afp_fВе замолуваме да не се мешате во нашите внатрешни работи, јасно нагласи Путин.

Тој на една финска новинарка на нејзиното прашање трпеливо и одговори дека не се работи за никакви забрани или прогони на сексуалните малцинства во Русија.

„Не се работи за воведување на санкции за хомосексуализам или за…мислам дека разбирате за што, рекол Путин! Ние нема да се мешаме!, истакна тој. Ние во Русија ќе ги заштитиме своите деца од таквите информации. Така одлучија пратениците на нашата Државна Дума. Затоа ве молиме да не се мешате во нашите внатрешни работи“, додаде тој.

Путин нагласи дека сексуалните малцинства во РФ се полноправни членови на општеството и дека не трпат никаков вид дискриминација.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1