Снегот поцрвене од крвта на моите другари – исповед на српска алпинистка која го преживеа масакарот


Алпинистката Кристина Нина Аѓанин, која била во експедицијата за освојување на врвот на планината Нанга Парбат, се наоѓала на само 500 метри оддалеченост кога муслиманските екстремисти убиле 11 нејзини колеги.
g_ninaТаа пред еден месец ја започнала експедицијата за освојување на врвот на популарната „планина на ужасот“. Но, талибанците упаднале во планинарскиот камп и убиле 11 алпинисти во знак на одмазда за претходно убиениот нивен лидер, ужасот започнал околу 22 часот истата ноќ, кога 15 Талибанци, вооружени со ножеви и пушки упаднале во базата..

Последен пат се слушнавме со баата во 21 часот. Се беше во ред и ние четворица легнавме да спиеме, уморни од 15 часовното напорно планинарење, Ги извлекоа луѓето кои спиеја, ги фрлија на земја и им ги заврзаа рацете.

Ги бодеа со ножеви, ги удираа, раскажува Нина.

355239_alpinistkinja-3_f

„Ме прашаа зошто не верувам во Алах и дали би можела да се молам со нив. Пакистанците се молеа, ние останатите не. Тие тогаш преспаа кај нас, а утрото кога станав, нив повеќе ги немаше“, раскажува Нина и додава дека се сомнева дека токму тие луѓе биле талибанци кои подоцна ги убиле нејзините пријатели.

Насекаде имаше тела на убиени пријатели кои војниците ги собираа, потоа расфрлани предмети, крв и хаос. Војниците не смируваа, а ние цела ноќ ја поминавме набљудувајќи дали од долината ќе забележиме батериски лампи, вели Нина.

355245_alpinistkinja-6_fталибанците го уништиле цел камп, ги скинале шаторите, земале пари и електроника. Планинарите ги ликвидирале пукајќи им во глава. Пакистанците кои работеле во базата ги оставиле преплашени и заврзани. Околу еден часот по полноќ го завршиле својот крвав напад и заминале.

Пакистанската војска сите преживеани алпинисти ги префрлила со хелокоптер до првиот аеродром, од каде се префрлени во Исламабад. Но, драма не завршува тука. талибанците им праќаат закани дека ниту еден странец нема да остане жив. Нина во моментот се наоѓа во хотел, каде чека да се врати во Србија.

355237_alpinistkinja-1_fМоментално сме во хотел, но често ја менуваме локацијата бидејќи ни се закануваат со смрт. Ни објаснија дека Талибанците го сториле ова во знак на одмазда за убиство на еден од нивните лидери. Имам авионски билет за 25 јули, но потребна ми е помош да си заминам порано. Немам пари, имам само пасош, кој во кампот беше сокриен на тајно место, додава Нина Аџанин.

Србија нема конзулат во Исламабад, па е во соработка со Амбасадата на БиХ. Алпинистката рекла дека ќе се приклучи на групата планинари кои одат за Русија. Ќе и ја пружиме нашата помош доколку ја побара, велат од Министерството.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1