Добри вести: Операцијата на малиот Најден помина одлично


Оперативниот зафат што сабајлево беше извршен врз бебето Најден, по компликациите на гласните жици и белите дробови, поминал во најдобар ред, информираат од Клиниката за уво нос и грло, пренесува плус инфо.

bebeИнтервенцијата беше извршена денеска откако лекарите утврдиле дека здравствената состојба на бебето се влошува поради отсечениот јазик поради што настрадале гласните жици, а компликациите се прошириле и на белите дробови. Бебето Најден во моментов е во стабилна здравствена состојба, додаваат од клиниката.

– Операцијата заврши одлично. Повеќе информации не сакаме да даваме од етички причини, но важно е дека Најден е сега во добра здравствена состојба – изјавија оттаму.

Најден е симболично име кое лекарите му го дадоа на ова бебе откако пред четири месеци беше пронајдено во грмушки во атарот на селото Арачиново. Се утврди дека над бебето е извршено насилство и дека му е отсечен јазикот. Полицијата претпоставува дека сторители на овој грозоморен чин се неговите родители кои сè уште не се пронајдени.
Случајот ја разбранува јавноста со што беа одржани неколку хуманитарни активности, а беше пројавен и интерес за негово посвојување.

Плус инфо

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1