Путин е под влијание на Сатаната


Претседателот на Русија Владимир Путион е под влијание на Сатаната и е соочен со вечно проклетство, освен ако не се покае. Тоа го изјави украинскиот патријарх Филарет во соопштение.

Тој е предводник на Киевскaта патријаршија формирана во 1992 година по распаѓањето на СССР.

putin0_113996– Со големо жалење треба да објавам јавно дека меѓу светските лидери изгледа се појавил нов Каин, но не по име туку по дела, наведува Филарет.

Како што е првиот братоубиец во светот Каин, неговите акции покажуваат дека тој лидер е под влијание на Сатаната, наведува духовниот лидер во изјава публикувана на сајтот на Патријаршијата на украински, руски и англиски јазик.

Изјавата насловена е – Новиот Каин, и објавена во првиот ден по влегувањето во сила на примирјето меѓу проруските сепаратисти и украинските сили.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1