Бугарија: 3 жртви на Црно море, туристите се спасуваат со хеликоптери – меѓу нив и Македонци


Три лица загинаа, а половина Бугарија е под вода по вторите големи поплави оваа лето, пренесуваат бугарските медиуми. Две жени го изгубија животот во поплавите на бугарското крајбрежје, во околината на Бургас. Над 200 литри дожд паднале во изминатото деноноќие предизвикувајќи голема материјална штета и најмалку две човечки жртви.

Поплавени се и цели квартови во Бургас, а туристичките центри Китен, Приморско и Созопол, во кои летуваат и бројни македонски туристи се во водена блокада.

poplavi bugarija„Се надевам дека нема уште жртви. Со хеликоптери се надлетува целото подрачје за да се види каква е состојбата. Лошо е, но се надевам дека ќе успееме да се справиме со непогодата“, изјави градоначалникот на Бургас, Димитар Николов.

Тој потврдува дека туристи се извлекувале од неколку загрозени реони, меѓу кои е и популарното летувалиште Поморско, во кое редовно одмораат огромен број Македонци. Нема информации колку наши државјани доживеале непријатности од огромните поплави во овој дел на црноморието

Во Бугарија поплавени се осумдесет села, а во опасност е и познатото летувалиште Бургас на Црно море. Ова е трет бран на полави во Бугарија годинава. Најтешка е сосотјбата по должината на црноморската обала каде во реонот на Отманли-Ченгене Скеле се удави една жена , а се трага по тринаестогодишно девојче . Поплавени се и цели квартови во Бургас, а туристичките центри Китен, Приморско и Созопол, , во кои летуваат и бројни македонски туристи се во водена блокада.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1