Путин го сака Шварценегер за амбасадор


Предлогот Арнолд Шварценегер да биде американски амбасадор во Русија дошол од правнуката на Никита Хрушчов, Нина Хрушчова.

Arnold-SvarcenegerПоранешниот гувернер на Калифорнија, според Нина Хрушчова, би ги намалил тензиите меѓу Русија и западот во врска со украинската криза.

Според виенскиот дневник „Естерајх“ таа на својот блог напишала дека Шварценегер ги има сите квалитети кои ги цени претседателот Путин.

Тој е холивудски актер а Путин сака ѕвезди, освен тоа своите квалитети како политичар ги докажал кога бил гувернер на Калифорнија – смета Нина Хрушчова.

Таа меѓу Путин и Шварценегер наведува уште сличности – двајцата зборуваат германски јазик, па ќе можат да зборуваат за многу теми како и за жени, бидејќи двајцата во минатото и покрај браковите, имале афери!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1