Рускиот претседател моментално се наоѓа во Сочи, каде ги надгледува подготовките за ЗОИ, кои се одржуваат за три недели. За време на состанокот со претставниците на волонтерите, запрашан е зошто нивните униформи се со друга боја.
-Ние не ги забрануваме нетрадиционалните сексуални врски. Нам ни смета пропагандата на поинаквото сексуално определување. Пред се, би сакал да ја истакнам пропагандата над децата. Тоа се целосно различни работи- да се забрани нешто, или да се забрани пропаганда на нешто- рече Путин.
Тој исто така додаде дека Русија е полиберална од многу земји, тврдејќи дека во одредени американски држави хомосексуалноста се казнува со закон.
-Ние ништо не забрануваме и никого не протеруваме од улиците, ниту се предвидени казни за таквите врски- рече тој и им порача на припадниците на ЛГБТ- Можете да бидете опуштени и мирни, но ве молам оставете ги децата на мир- рече тој.
Во Русија лани, стапи во сила законот со кој се забранува секаков вид пропаганда на хомосексуализмот.