Путин и Трамп пристигнаа на самитот


Официјалната програма на самитот во главниот град на Финска не е објавена, а помошникот на рускиот претседател, Јури Ушаков изјавил дека една од централните теми ќе биде Сирија, пренесе „Спутник“.

Меѓу останатите најавени теми наводно се и мешањето на Русија во претседателските избори во САД и соработката во областа на енергетиката. Одвоени разговори ќе водат шефовите на дипломатиите на двете земји Сергеј Лавров и Мајк Помпео.

Помпео и Болтон ќе присуствуваат на преговорите на претседателите на Русија и САД.

На разговорите меѓу претседателите на Русија и САД во американската делегација, меѓу останатите, ќе бидат и советникот на претседателот за национална безбедност Џон Болтон и државниот секретар Мајк Помпео.

Според зборовите на портпаролот на рускиот претседател Дмитри Песков, страните би можеле да разговараат за проблемите во меѓународната безбедност, како и Сирија, Иран и изградбата на „Северен тек 2“ Меѓутоа, не е јасно утврден дневниот ред, тоа ќе го одредат самите лидери.

Финскиот активист Маркус Бундерс во разговор за телевизијата „РТ“ раскажа за тоа што се случува во Хелсинки во пресрет на средбата на двата лидери.

„Атмосферата во Хелсинки е се побучна и пожива. Финците го почитуваат самитот и добро разбираат како треба да се однесуваат. Финска го поддржува дијалогот и секогаш е подготвена на преговори! Спремивме плакати. Сега на улиците се многу љубопитни граѓани. Наскоро ќе се соберат на местата низ кои ќе поминат претседателските конвои. Засега ги нема толку многу, но за еден час ќе бидат многу повеќе. Владее мирна атмосфера“ – изјавил Бундерс.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1