Путин им ги дава на Србите најмоќните топови – Русија и подготвува милјарда евра на Србија


Во наредните три дена Владата и стопаствениците на Србија, на чело со премиерот Александар Вучиќ, се подготвуваат за економски „напад“ на Русија што на Србија би можело да и донесе дури милијарда евра.

Со тоа како што дознава Курир, Србија во Москва ќе мора да преговара за купување на вооружување од најмоќната војска на светот, а истовремено ќе размислува и за отворање на простор за соработка во таа област.Putin

Вучиќ во Москва 26-29 октомври – се очекува состанок на највисоко државно ниво – со претседателот на Русија Владимир Путин со премиерот Дмитри Медведев и членовите на тамошната влада. Во Москва патуваат и девет министри, како и 120 стопанственици. Од власта велат дека Србија во Москва ја чекаат тешки разговори, а дека акцентот ќе биде ставен на економската соработка на двете земји.

„Србија е заинтересирана да „Gaspromnjeft“ го купи „Petrohemiju“ и „Azotar“ што ќе биде една од главните теми на разговор. Освен тоа, на маса ќе биде зголемена и квотата за извоз на „Fijat“ но и земјоделските производи од Србија. Важен сегмент ќе биде и купувањето на вооружување“, наведуваат извори од власта.

Вучиќ истакна декаво текот на посетата на Русија е бидат потпишани многу договори и решени многу недоумици.

„Акцентот ќе биде сосредочен на унапредување на српската економија, како и на тоа да нашето оружје и нашето орудие биде произведено во Србија. Кога правиме хауба „нора“, мора да се земе „Камазова“ шасија затоа што таа може да носи повеќе од 35 тони, што е една од причините и основа за тоа да разговараме со Русите. Другата е топ 2А42 која ја ставаме на куполата на борбените возила „Лазар3“, наведе тој.

Премиерот истакна дека Србија почнала да размислува и за борбените хеликоптери „затоа што некои во опкружувањето добиле 16 хеликоптери „киова“.

„Мораме да размислиме и на одговорите на балистичките ракети, не сакаме конфликт нигде и никогаш и со никого, но мораме да бидеме подготвени.

Големите очекувања од посетата има и амбасадорот на Русија во Србија, Александар Чепурин, кој изјави дека истата доаѓа во компликувани геополитички околности.

„Русија сака да односите на двете земји да бидат подигнати на високо квалитетно ниво. Се очекува да со разговорите со „Лукоил“, „Гаспром“, РЖД и „Гаспромњјефотм“, биде отворена изложба на „Отворени иновации 2015“ на која повторно ќе биде присутен и Медведев и Вучиќ“, изјави Чепурин.

Сите очи се вперени во нив… Претседателот на Русија Владимир Путин со премиерот на Србија Александар Вучиќ.

Претседателот на РКС Марко Чадеж вели дека претставниците на српските компании во Москва ќе разговараат со претставниците на тамошните компании за проекти во вкупна вредност од повеќе од милијарда евра.

„Станува збор пред се за компании од областа на економијата и прехрамбената индустирј,а металопроизведувачката индустрија, производството на гуми и пластика, и туризмот. Главната цел на посетата на српските стопанственици е да се помогне на стопанството на Србија, и со конкретни проекти да се зголеми извозот од увозот. Сега постојат и услови да се формира дистрибутни – логистички цетар затоа што водечките компании сватија дека заеднички настап е единствен начин да сите заедно профитираат“, вели Чадез.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1