Рускиот преседател Владимир Путин за прв пат јавно објави дека Русија е вмешана во војната во Сирија. Рускиот претседател рече дека расправите за директна интервенција во Сирија засега се преуранети, но не ја исклучи таа можност за во иднина.
-На Сирија на големо и помагаме со опремување и тренирање на нивните војници со наше оружје“, рече Путин на економскиот форум во Владивосток, апренесе агенцијата РИА новости.
Путин рече дека Русија сака да создаде еден вид меѓународна коалиција за борба против тероризмот и екстремизмот.
-Во моментов се во теко консултации со нашите американски партнери. Лично разговарав со Обама за тоа, рече Путин.
Русија веќе неколку пати досега вложи вето во Советот за безбеднос на ОН за да ја изрази поддршката на Башар ал Асад во текот на четити и пол годишната војна која однесе најмалку 250.000 животи.
Минатата недела сириската државна телевизија објави фотографии кои покажуваат руско оклопно возило во борба, а на снимките наводно се слушаат војници кои се довикуваат на руски јазик.
Израелскиот „Yedioth Ahronoth“ ги цитираше западните дипломатски извори кои наведуваат дека Русија наското ќе испрати во Сирија војници кои заедно со тамошната војска од базата во Тартус ќе се борат против Исламската држава.