Путин: Ќе ја бомбардираме Сирија, ако не постигнеме договор со САД


Русија и Владимир Путин се подготвени да започнат воздушна иницијатива врз ИСИЛ во Сирија, доколку не постигнат договор со САД, јавуваат неименувани извори.

“Bloomberg” цитираше двајца неименувани извори кои тврдат дека рускиот претседател Владимир Путин планира наскоро да започне воздушни напади против Исламската држава доколку САД го отфрли рускиот предлог за здружување на силите во борбата против терористичката ИСИЛ на просторот на Сирија и Ирак.obama putin

Информацијата доаѓа непосредно откако Русија, според повеќе извори, значително ја зголемила својата воена присутност во Сирија, а според одредени извори веќе во Сирија пристигнале руски воени авиони.

Сепак, според последните дипломатски информации Русите и натаму се надеваат дека ќе успеат да формираат широка меѓународна колаиција против Исламската држава.

Доколку тоа не успее, “Bloomberg” дознава дека Русите се подтотвени самите да тргнат во војна против Исламската држава во Сирија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1