Путин му даде комплимент: Телевизискиот Трамп е многу различен од реалниот


Оној Трамп што го гледаме на телевизија е многу различен од реалниот Трамп. Сите причини наведуваат дека може да се верува дека ќе можеме да воспоставиме соработка каква што ни е потребна.

Ова денеска го изјави рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција во Хамбург.

Путин изрази уверување дека односите помеѓу Русија и САД ќе можат да се подобрат.

На почетокот на самитот Г20 во Хамбург вчера дојде до долго очекуваната средба помеѓу двајцата лидери. Состанокот траел речиси два ипол часа, многу повеќе од предвиденото. По состанокот, американскиот и рускиот претседател потврдија дека е договорено примирје на југозападот на Сирија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1