Путин му исполни желба на болно дете да го види Санкт Петербург од птичја перспектива


Претседателот на Русија Владимир Путин му го оствари сонот на болно дете – му овозможи да го види Санкт Петербург од птичја перспектива.

Путин се состана со детето Артјом Палјанов.

Прво му ја покажа трасата на летот, по што заедно ги отворија новогодишните подароци, а потоа, го испрати Артјом до хелиодромот.

Рускиот претседател се интересираше како детето се сетило да ја погледне северната престолнина од птичја перспектива.

Артјом одговорил дека го интересира да го гледа од високо Петербург, како и било кој друг град.

Тој е еден од петмината тешко болни деца, чии желби претседателот на Русија одлучи лично да им ги исполни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1