“Русија се залага Белград и Приштина да постигнат заемно прифатливо решение во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН”, рече рускиот претседател Владимир Путин во Белград.
Тој рече дека властите во Приштина презеле неколку чекори, како што е формирањето на Косовската армија, што, како што рече, претставува прекршување на резолуцијата.
“Русија ја дели загриженоста на српското раководство и народот, бидејќи таквите неодговорни чекори можат да го дестабилизираат Балканот”, рече Путин.
„Се залагаме за обострано прифатливо решение за Косово, во согласност со резолуцијата 1244 од Советот за безбедност на ОН“, рече Путин, пренесе „Б92“. Тој додаде дека последните потези на Приптина за воведувањето на таксите и создавањето на косовската војска, предизвикуваат сериозна загриженост,додаде Путин.
Русија како и Србија е заинтересирана Балканот да остане стабилен и безбеден, заклучи Путин на заедничката прес-конференција со српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Изјавувајќи дека тој не гледа на хоризонтот решение за договорот меѓу Белград и Приштина, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека за секоја одлука ќе се консултираат со Путин.
“Србија е секогаш подготвена за дијалог и компромис, но не и да прифати понижување”, е ставот кој претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му го пренел на рускиот претседател Владимир Путин, кога зборувале за темата на Косово.
Вучиќ рече дека Путин го запознал со сето она што се случува во Косово, како што рече, со “незаконските даноци на стоки од Србија воведени од страна на Приштина, како и формирањето на Армијата на Косово спротивно на резолуцијата 1244”
“Се чини дека добивме значителна поддршка од Путин”, рече Вучиќ.
Рускиот претседател Владимир Путин му врачи Орден на Александар Невски на српскиот претседател Александар Вучиќ.
“Драго ми е да го одлликувам претседателот на Србија со орден на Александар Невски”, рече Путин.
“Русија секогаш може да смета на сојузник во Србија”, рече Вучиќ.