Телохранителот на Путин не ја испушта од рака – што има во црната автовка?


Владимир Путин које во посета на Србија е топ тема таму, но и во регионот. До него се неговите телохранители постојано, а едниот носи црна торба која не ја испушта од рака, па сите се запрашаа што има во неа.

Се работи за посебна автовка со видео врска со службата за оружје и заштита.

Со рускиот претседател Владимир Путин, на патувањата, секогаш одат двајца офицери на морнарицата кои ја носат неговата црна актовка. Таа привлекува се повеќе внимание откако медиумите се почесто почнаа да го забележуваат мистериозниот куфер крај Путин.

Се работи за таканаречен “атомски ковчег”, уред со кој Путин може да лансира проектили со нуклеарни боеви глави, пишува Телеграф. Затоа, рускиот претседател не се одвојува од оваа актовка, дури и кога е во посета на друга земја.

Кодното име на оваа руска нуклеарна актовка е “Cheget”. Таа е поврзана со посебен комуникациски систем – “Кавказ” кој поддржува комуникација меѓу високи владини функционери, во мометни кога се донесуваат одлуки за употребата на нуклеарно оружје.

На Рускиот претседател оваа актовка му е при рака во било кое време, а според некои информации, свој примерок имаат и Министерот за одбрана и началникот на Генералштабот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1