ПУТИН СЕ ЗАКАНУВА: Ќе објавам докази дека сами го разнесовте Светскиот трговски центар


Ветеранс тудеј, го пренесува пишувањето на рускиот весник Правда во кој се тврди дека Русија подготвува објавување сателитски докази дека владата на САД и американските разузнавачки служби се вмешани во нападот на 11 септември 2001 година на Светскиот трговски центар во Њујорк.obama putin

Теоретичарите на заговори веќе со години ги обвинуваат САД дека се одговорни за нападот врз „кулите близначки“, а руската страна тврди дека има сателитски снимки кои ги потврдуваат тие тврдења.

Правда пишува дека САД создале слика дека американските граѓани се жртви на меѓународниот тероризам, а дека зад сето тоа всушност се крие желбата на Америка да ги контролира изворите на нафта на Блискиот Исток.

Доказите, наводно, ќе бидат толку уверливи што целосно ќе го негираат објаснувањето на американските власти за нападот во Њујорк. Русија, пишува весникот, на тој начин сакаат да покажат дека САД одамна користат лажен тероризам за да ги одржат своите граѓани во страв и да ги оправдаат воените операции во странски земји.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1