Условна казна и 200 евра за полицајците кои не му го одзеле пиштолот на Станоев


Условна пресуда и парична казна од по 200 евра за двајцата полицајци кои одговараа дека не му го одзеле оружјето на осомничениот Тони Станоев со кое го сторил трикратното убиство на родителите и сестрата на поранешната сопруга, јавува Канал 5.

Ваква пресуда донел основниот суд во Кавадарци. Телевизијата повикувајќи се на информации од судот објави дека оваа пресуда била донесена откако обвинетите го признале делото.toni

Двајцата полицајци кои пред трагичниот настан постапувале по пријавите против Станоев беа обвинети за несовесно работење во службата.

– Иако кривичните дела кои му се ставале на товар на тогаш осомниченото лице укажувале на потешко нарушување на семејните односи, за кои дела имал и правосилна судска пресуда, обвинетите  службени лица  не презеле  мерки за одземање на оружјето, велат од  обвинителство.

Истрагата за тројното убиство во Кавадарци се уште трае. Според информациите од Јавното обвинителство преземени се речиси сите истражни дејствија. Се чека само на психијатриското вештачење.

-По негово добивање, анализа и разгледување на фактите и доказите во предметот , надлежниот обвинител ќе донесе релевантна одлука за натамошно постапување, велат од обвинителство.

Одлуката на јавното обвинителство Станоев ја чека во притвор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1