Девојче од Кочани остана инвалид по вакцина – судот пресуди државата да и плати 100 000 евра


Седум милиони денари отштета ќе треба да исплати државата  на седумгодишно дете од Кочани и нејзините родители, одлучи Апелациониот, а потврди Врховниот суд на Македонија.Причина е трајниот инвалидитет на детето предизвикан по примање на вакцина, објави ТВ Стар.Screenshot_2

Хронолошки, агонијата на девојчето и нејзиното семејство започнува 4 месеци по раѓањето, кога била однесена на редовна вакцина полиовирус 3 во Здравствениот дом во Кочани. 18 дена подоцна започнале проблемите кои  ја оставиле инвалид за цел живот. Девојчето најпрво заболува од акутна пареза , а потоа и слабеат рефлексите   на десната нога. По првичниот шок дека детето ќе остане засекогаш инвалид, следува долги години битки низ судовите и барање на правдата.

„. На 29.08.2007 година малолетната била примена на клиника за детски болести поради акутно настаната десно страна пареза. Според податоците од престојот болеста започнала 18 дена по приемот на вакцина. Кај малолетната после вакцината се манифестирала слабост на десната нога со ослабени рефлекси.

Screenshot_3

Во болница престојувала до 06.09.2007 година. На 23.11.2007 година Комитетот за верификација и квалификација на акутна парализа Апелационен суд – Штип 157 (полиомеалит случаеви) овој случај го класира како потврден случај на пареза асоцирана со полиовакцина со вакцинален полиовирус тип 3. Кај малолетната Сандра утврдени се ослабени тетивни рефлекси на десната нога, висечко стапало. Обемот на натколеница и потколеница се разликува помегу левата и десната нога. Во текот на лекувањето кај малолетната тужителка утврдено е дека постои трајно оштетување на функцијата на десната нога со видлив деформитет, намален обем на мускулатурата и нарушена естетика и таквата состојба ке бара доживотен третман.

Ваквата состојба е последица на вакционен полиовирус тип 3 . Кај малолетната тужителка поради настанатото телесно оштетување, инвалидитет постои и ке постои трајно психичка болка. Кај неа има нарушена општа животна способност како и нагрденост од ваквиот инвалидитет. Целиот живот таа ке има дополнителни напори да ги остварува животните потреби при секојдневните активности. Не ке може да ги почуствува детските радости, а ваквото душевно трпење ке се зголемува и ке се потенцира со нејзината возраст.“ напишал судот.

Во врска со случајов, ТВ Стар денес контактираше со мајката на детето. „Се’ уште сум лута на сите . На лекарите, на судовите на новинарите. Никој не беше со нас кога најмногу ни требаа. Сега е доцна за се“ разочарано изјавила мајката.

Семејството на девојчето  во меѓувреме ја напуштило државата носејќи ја засекогаш болката со себе.

Share Button

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1