Путин во Белград – нема излегување на тераса и сушење алишта!


Граѓаните на Белград кои живеат покрај автопатот и улиците каде што задутре ќе минува рускиот претседател Путин нема да смеат да излегуваат на своите тераси.

vladimir-putin-1405623145-536649
Тие добиле соопштенија дека на 16-ти октомври, кога рускиот лидер ќе го посети Белград, не смеат да излегуваат на терасите и оти прозорците мора да им бидат затворени, а ролетните спуштени.

Освен тоа, ним им се забранува тој ден да сушат облека на балконите кои се со поглед кон маршрутата на Путин.

Медиумите забележуваат дека и во минататото важеле ригорозни мерки при пречекот на високи државници, но не во вакви размери.

Белград во последниве неколку години го посетија американскиот потпретседател Бајден и американската државна секретарка Клинтон.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1