Претседателот Владимир Путин денеска потпишал Указ за воведување на специјални економски санкции против Турција, соопшти прес службата на Кремљ.
Путин практично ги проширил санкциите воведени кон крајот на ноември после соборувањето на рускиот авион на нова област.
Новите ограничување се однесуваат на сите организации кои работат на територијата на Русија и се наоѓаат под контрола на турските граѓани, а не само фирми под турска јурисдикција, се наведува во документот.
Новите санкции ќе стапат на сила од Нова Година а ќе забранат руски работодавачи да вработуваат турски граѓани, како и забрана на увоз на одредени намирници.
Со одлуката на Путин ќе бидат укинати сите чартер летови од Русија за Турција и обратно.
Русија првиот пакет санкци кон Турција го воведе на 28 ноември.