Работа од соништата: Компанијата Фереро бара дегустатори на Нутела, Киндер, Тик Так…


Дегустирањето на чоколадни слатки и добивањето плата за тоа е веројатно работа од соништата за многумина. За поединци, овој сон наскоро би можел и да се оствари.

Имено, компанијата Фереро распишала конкурс за работа во кој бара 60 дегустатори. Од кандидатите се очекува да ги дегустираат нивните производи, кои помеѓу останатите вклучуваат и Нутела, Фереро слатки, Киндер чоколади како и Тик Так бонбони.

Тие би морале да се преселат во градот Алба, Италија, каде се наоѓа седиштето на оваа компанија, пренесува “Daily Mail”.

Работата започнува од септември, а одбраните кандидати ќе учествуваат во платена обука во времетраење од три месеци. Во текот на тој период, тие ќе се запознаат со производите и ќе научат техники за тестирање на истите.

Кога ќе заврши обуката, најдобрите кандидати ќе ја добијат работата која ќе трае околу два часа, два дена во неделата.

Огласот за работа е објавен на италијански јазик што значи дека од кандидатите веројатно се очекува да го знаат овој јазик. Останатите услови кои тие ќе мора да ги исполнат е да знаат да користат компјутер и да немаат никакви алергии.

Оваа вест ги израдува бројните љубители на слатки, а доколку сметате дека имате шанси за работа, огласот е на следниот линк.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1