Компанија од Хрватска објави оглас за работа каде се бараат лица кои ќе учествуваат во тестирање на душеци.
Тестирањето ќе се прави, секако, со лежење на душеци, па двајца среќници кои ќе ги задоволат барања на конкурсот ќе заработат – спиење и лежење.
Фирмата засега бара едно машко и едно женско лице, а кандидатите мораат да имаат Фејсбук профил, да бидат отворени за предизвици и флексибилни во поглед на неформалното работно опкружување.
Не е се уште познато колкава заработувачката е предвидена за оваа „работа од соништата“.