Најевтино до работна виза во ЕУ преку девојки од Унгарија. За 1600 евра може да се најде девојка од пограничните области меѓу Унгарија и Србија со која ќе можете да склучите фиктивен брак.
Српските медиуми пишуваат дека во деловите околу Суботица има луѓе кои за 200 евра посредуваат во наоѓање девојка со коај по брза постапка склучувате брак, што е доволно да добиете работна виза и легално да работите во Европската Унија.
Унгарија веќе го детектирала овој проблем и почнала опсежна истрага.
Најголем проблем е тоа што реши си сите мажи кои фиктивно се ожениле се Унгарка веднаш ја напуштиле Унгарија и заминале во Австрија или Германија.
За брак со девојка од Чешка, ќе ви требаат околу 3.000 евра, додека во Полска и Словачка се плаќа по 3.500 евра.