Работник паднал ски лифт на Попова Шапка, се бори за живот


Работникот на Елем турс Скопје, подружница Попова Шапка, А.Р.(47) од Голема Речица се здобил со сериозни повреди откако паднал од метален столб, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

sapkaСпоред неговите информации, работникот паднал изутрината околу 10 часот и 30 минути од висина од околу шест метри откако од засега неутврдени причини загубил рамнотежа додека работел на метален столб од ски лифт во месноста Овчарски ливади на Попова Шапка.

Неговите колеги веднаш го пренеле во Клиничката болница Тетово, но поради сериозноста на повредите тој веднаш бил однесен во Клиничкиот центар во Скопје. Според  информациите на Јосифовски, при транспортот повредениот бил контактибилен и надвор од животна опасност, но со сериозни повреди.

Полицијата извршила увид и работи на откривање на причините кои довеле до падот на работникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1