Работодавец им дал на вработените по 7.500 долари за одмор


Извршниот директор на една американска компанија им понудил на своите вработени 7.500 долари за одмор, но под услов целосно да ги тргнат мислите од работата и да ги исклучат своите мобилни телефони, да не проверуваат мејлови и друштвени мрежи додека се на одмор.

Барт Лоранг, шеф на информатичко – технолошката компанија „FullContact“ до Денвер, смета дека неговите работници мора да бидат одморени и свежи за да можат да го следат тешкиот ритам на динамичниот IT пазар.

Затоа им понудил 7.500 долари со што вработените во потполност би ги исполниле условите за вистински одмор.

За да го добијат ветениот надоместок работниците мора да ги исполнат строгите правила „да го исклучат мозокот од работата“.

– Е тоа е вистински одмор за мозокот. После таков одмор ќе се вратиш свеж, обновен и со поголем елан ќе и пристапиш на работата, изјавил еден од вработените во оваа компанија.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1