Бруталното убиство во Лондон вчера, во кое двајца мажи со сатар убија човек во близина до касарна, најверојатно било мотивирано од радикалниот ислам, изјавија британски владини претставници.
Британските медиуми објавија видео снимено по убиството од азилант кој се уште држи мачета во раката и вели: Ви се колнам во Алах никогаш нема да престанеме да се бориме против вас. Око за око, заб за заб… Се извинувам што жени беа очевидци на ова денес, но истото мораат да го гледаат и нашите жени во нашата земја. Ви никогаш нема да бидете безбедни. Тргнете ја вашата влада, тогаш нема да мора да се грижите, вели тој. Очевидците тврдат дека убиецот цело време извикувал ,,алах е голем,,
Тој буквално го касапел момчето и се обидел да го обезглави. Го спречиле неколку храбри мајки – една од нив му пришла и му рекла многу луѓе на улицава се против тебе не се обидувај ништо тргни се или ќе загубиш на крајот. Убиецот потоа се упатил кон минувачите и им наредил да ги сликаат и да ги снимаат затоа што сакале да се појават во медиумите.
Властите не ја идентификуваа жртвата по име, но на прес-конференција во Париз со британскиот премиер Дејвид Камерон, францускиот претседател Франсоа Оланд ја нарекуваше жртвата „војник“. Камерон, меѓутоа, не го потврди тоа.
Британскиот премиер изјави оти има „силни индикации“ дека убиството во Лондон е терористички акт.
Скотланд Јард потврди дека истргата за убиството се води од одделот за борба против тероризмот. Двајцата осомничени биле ранети и се приведени. Тие се наоѓаат во болница, а состојбата на едниот од нив е тешка.
Мерките за безбедност во Лондон се зајакнати