Српскиот амбасадор во Москва Славенко Терзиќ го оцени како „крајно актуелно“ прашањето за проникнувањето на радикалниот ислам на Балканот заедно со приливот на имигранти од Блискиот Исток и Северна Африка, јави ТАСС.
Терзиќ истакна дека илегалните имигранти се голем тест за Европа и за целиот свет, а Србија е непосредна жртва на бегалскиот бран.
Тој истакна дека во последните четири месеци во Србија пристигнале 200.000 имигранти, кои претставуваат „социјално-економски предизвик“, со кој Белград не може да се справи сам.
– Прашањето треба да се реши на европско ниво. Унгарија постави ограда, а откако и Хрватска ја затвори границата, во Србија се појавија економски потешкотии. Прашањето со имигрантите треба да се реши итно и со заеднички напори, рече амбасадорот.