Радикалниот ислам на Балканот – опасност за сите земји


Српскиот амбасадор во Москва Славенко Терзиќ го оцени како „крајно актуелно“ прашањето за проникнувањето на радикалниот ислам на Балканот заедно со приливот на имигранти од Блискиот Исток и Северна Африка, јави ТАСС.

Терзиќ истакна дека илегалните имигранти се голем тест за Европа и за целиот свет, а Србија е непосредна жртва на бегалскиот бран.djihad balkan

Тој истакна дека во последните четири месеци во Србија пристигнале 200.000 имигранти, кои претставуваат „социјално-економски предизвик“, со кој Белград не може да се справи сам.

– Прашањето треба да се реши на европско ниво. Унгарија постави ограда, а откако и Хрватска ја затвори границата, во Србија се појавија економски потешкотии. Прашањето со имигрантите треба да се реши итно и со заеднички напори, рече амбасадорот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1