РАДИШАНИ: Се активираа старите извори, улиците поплавени


На патот од мостот на излезот од Радишани до мостот на Јазирска река, како што соопшти општина Бутел, се активираа неколку одамна пресушени извори. Сега, нивната вода се излева на патот и прави проблеми во сообраќајот и на автомобилите и на пешаците.

radisani

Foto Sitel

Најпроблематичен е изворот над повеќенаменското спортско игралиште, кој за првпат се појави пред девет години, кога и беше опфатена водата со покриен канал до реката Серава.

– Оваа пролет стариот извор го поплави патот во должина од 550 метри. Токму затоа веќе се работи на изградба на трајно решение, односно се прави нова атмосферска канализација. Ќе бидат поставени цевки со широчина од ф-400, а вкупната должина на цевководот е 550 метри. Исто така, на две до три места на коловозот ќе бидат поставени метални решетки за побрз опфат на атмосферската вода, заради стрмната конфигурација на патот, се вели во соопштението од општина Бутел..

Откако ќе завршат работите со атмосферската канализација ќе се постави нов асфалт на патот. Поради тоа, општината апелира, граѓаните кои се уште не се приклучени на фекалната канализација, тоа да го сторат што побрзо, бидејќи по асфалтирањето нема да дозволува нови прекопи.

Проектот за атмосферската канализација ќе чини 2.900.000 денари, кои се обезбедени од буџетот на општина Бутел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1