Радован Караџиќ: Наместо да ме судите треба да ми дадете награда за мир


Наместо да бидам обвинуван, треба да бидат награден за моите напори за поддршка на мирот, изјави политичкиот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ на првиот ден од неговата одбрана пред Хашкиот трибунал.

Караџиќ, кој сам се застапува пред Трибуналот, обвинет е за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина (1992-1995), вклучително и за масакрот на приближно 8.000 луѓе во Сребреница во јули 1995 година.
Тој тврди дека направил се што било во човековите можности за да се избегне војната.
– јас ја сопрев нашата армија неколку пати, кога беше блиску до победа. Прогласив многу еднострани примирја и политика на воздржување од воени дејствија, наведе Караџиќ.
Процесот против Караџиќ почна во октомври 2009 година. Тој има 300 часови за својата одбрана, колку што имаше и Обвинителството.
Караџиќ беше уасен во јули 2008 година во Белград, по 13-годишно криење.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1