Ќе се снима римејк на Конан – потврда од Шварценегер


Арнолд Шварценегер потврди дека ќе се снима римејк на филмот ,, Конан Варварин,,

Екс гувернерот на Калифорнија кој славата ја стекна токму со оваа улога изјавил дека ќе почне да работи на Конан веднаш штом заврши со проект кој сега го работи. Тој се надева и дека сценариот ќе го работи истиот човек што го работеше Конан и првиот пат, Џон Милијус.

,, Овој проект ми е многу драг, морам прво да го снимам Тен со Девид Ејер, а потоа веднаш се фокусирам на Конан,, изјавил Шварценегер за францускиот веб сајт  ”MadMovies”.

Во ,, Конан,, од 1982. покрај Шварценегер играа и Џејмс Ерл Џоунс, Макс Фон Сидоу. Ова беше трејлерот за Конан тогаш.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1