Радовиш: Киднапирал, па силувал 18-годишна девојка


Вчера околу 00:00 часот во Полициска станица Штип приведен и задржан е 30-годишниот С.С. од село Бучим, радовишко.

Лицето е лишено од слобода поради сомнение дека на 31.10.2018 година заедно со уште три непознати лица насилно ја внеле во возило 18-годишната Ј.А. од село Јунузлија општина Карбинци по што ја однеле во куќата на братот на С.С. во село Бучим. Според пријавата на Ј.А., С.С извршил обљуба врз нејзе. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1