Телото на убиениот новинар Кашоги било растопено во киселина


Турските истражители објавија зошто телото на новинарот на Вашингтон Пост , Џамал Кашоги било расцепкано на парчиња по убиството во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Телото на Кашоги било расцепкано на парчиња , а потоа растопено во киселина , соопштува советникот на турскиот претседател Ердоган.

,,Во овој степен на истрагата утврдивме дека не се задоволиле со тоа што го исекле телото на парчиња , туку се ослободиле од телото со разградување.” , вели Јасин Актај.

Пред точно еден месец Кашоги влегол во конзулатот за да извади документи за венчавка со турска државјанка и не излегол . Во конзулатот го пречекала група од 15 убијци од Саудиска Арабија , кои го задавиле , а потоа му го распарчиле трлото. Ријад уапси 18 лица , а Турција бара нивна екстрадиција.

Убијците истиот ден дошле во Турција и по неколку часа од убиството , се вратиле во Саудиска Арабија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1