Радовишанка си ги оставила близначињата во болница – немала пари да ги одгледа


Триесетгодишна мајка од Радовиш пред неколку дена на одделот за гинекологија при штипскиот Клинички центар на свет донела две братчиња-близначиња. Но, поради проблематичната финансиска состојба во која се наоѓала мајката, таа ги оставила новороденчињата и си заминала дома,пишува plus info. .

blizanke1_29052013_fejsБидејќи мајката по породувањето најавила дека ќе ги остави бебињата, болничките власти се обиделе да разговараат со радовишанката, да ја предомислат да не се откажува од двете бебиња. Таа останала на својот став, а откако си заминала во родниот Радовиш, раководството на болницата немало друг избор, освен да ги извести колегите од Домот за доенчиња и мали деца во Битола дека треба да се згрижат двете бебиња.

– Бебињата пред да бидат пренесени во Битола беа во дробра здравствена состојба. Како што ни кажуваше мајката, таа дома веќе имала неколку деца и не била во финансиска можност и овие две близначиња да ги одгледа. Иако ги остави во болница и си замина, не ни остави впечаток дека така мирно ќе ги остави децата. Законот ѝ дозволува во рок од три месеци да се предомисли и да побара бебињата да ѝ бидат вратени за да си ги одгледа. Но, доколку реши да се откаже од нив, треба да потпише изјава во радовишкиот Центар за социјални работи – објаснува од штипската болница.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1