Рак, деформирани бебиња – На само километри од нас НАТО фрлил 10 тони осиромашен ураниум


Обединетите нации скриле од јавноста извештај на шефот на мисијата за просторна програма на ОН, Бакари Канте во кој се вели дека НАТО во 1999 година за време на бомбардирањето исфрлиле на Косово десет тони осиромашен ураниум, јави Танјуг повикувајќи се на порталот „Газетаекспрес“.

granata-so-osiromashen-uranium-660x288Извештајот објаснува дека бомбардирањето на НАТО влијаело врз квалитетот на воздухот, земјата и водата што резултирало со последици во синџирот на исхрана. Како последица од тоа, идните генерации се изложени на зголемен број на заболени од рак, леукемија, абортуси, деформации на новородени бебиња, наведува „Газетаекспрес“.

Делови од тој извештај излегле во јавноста благодарение на американскиот новинар Роберт Парсонс кој имал увид во извештајот на Канте и го објавил во јуни 1999 година во швајцарскиот весник „Ле Куриер“ со наслов „Алармантен скриен извештај за последиците од бомбардирањето врз Југославија“.

Парсонс во интервју за „Вести“, обелоденува дека извештаите за последиците од употребата на оружје со осиромашен ураниум по здравјето на народот на Балканот биле критикувани и изменети во канцеларии на ОН, пренесоа косовски медиуми.

uraniumИзвештајот бил категоричен во оценката дека идните генерации кои ќе живеат на тие места каде биле фрлени бомбите, ќе заболуваат од рак, леукемија и дека ќе се зголеми бројот на деформитети кај новородени бебиња.

Во извештајот на Канте се вели дека заради бомбардирањето, природата во Југославија е контаминирана со опасни материи меѓу кои и најопасната ПЦБ, исклучително канцероген и одговорен за имунолошки заболувања. Во извештајот се вели дека еден литар ПЦБ е дововолно за контаминирање милијарда галони вода, пренесува „Газетаекспрес“.

Парсонс вели дека извор го информирал оти во јули 1999 година група научници Швајцарци дошле до драматичен заклучок за ефектот на осиромашениот ураниум на Балканот повеќе отколку што било наведено во извештајот на Канте.

– Нивното истражување било дел од активностите на дипломатската група ФОКУС во која биле Швајцарија, Австрија, Русија, Грција. Откако Швајцарија ги платила трошоците сите останати членови требало да молчат, вели Парсонс.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1