Ракавицата за предвремени избори е фрлена,опозицијата молчи


Нема реакција од опозициската СДСМ на фрлената ракавица за предвремени парламентарни избори од премиерот Груевски.

gruevskizaevЗаев молчи по ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во предновогодишното интервју за МТВ дека во моментов не гледа причина за предвремени избори, но дека владеачката партија е подготвена. Груевски во интервјуто рече дека опозицијата е таа која треба да биде загрижена за исходот од претседателските и евентуалните парламентарни избори кои би се одржале следната година.

“Ние во секој момент сме подготвени да одиме на предвремени избори. Во овој момент тоа ниту можам да го потврдам, ниту пак да го отфрлам”, рече Груевски.
Засега единствената партија од опозицискиот блок која по интервјуто на Груевски децидно побара предвремени избори е ГРОМ. Лидерот Стевчо Јакимовски смета дека тоа е неопходно за да не се влезе во уставна криза со неисполнување на цензусот на изборите за шеф на државата. Токму партијата на јакимовски и Позитивната алијанса на Бучковски се очекува да привлечат дел од гласовите кои претходно одеа на контото на СДСМ.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1