градобијна ракета вчера заврши во куќа на семејството Марковиќ во Лесковац, каде што експлодирала, но за среќа никој не е повреден, пренесе „Б 92“.
Кога ракетата го пробила таванот на бањата и експлодирала, во дневната соба која била само три метри оддалечена се наоѓало шестчленото семејство Марковиќ. Тие слушнале две детонации и се посомневале дека експлодирал бојлерот., бидејќи од бањата излегувал црн чад и дека вода имало на сите страни.
Припадници на полицијата кои извршиле увид ги зеле деловите од распаднатата ракета.
Во штабот за вонредни состојби во Лесковац потврдиле дека од повеќе локации во околина на градот се испалени градобијни ракети, чиј максимален домет е до 6 километри.