Македонците се трујат со апчиња – Беровчани најзависни од лекови


Минатата година се реализирани 17 милиони 485 илјади рецепти што е за еден милион повеќе од 2011. Фондот за таа намена издвоил 1.993.189.875,07 денари.

pill apceПодаток кој покажува дека Македонците се зависни од лекови. Речиси секој осигуреник годишно пие по 10 кутии на лекови. Најмногу или околу 7 милиони рецепти одат за лековите за кардиоваскуларниот систем. По нив се оние за нервниот а на трето место лековите за дигестивниот тракт и метаболизмот.

По бројот на потрошувачка на лекови како и број на осигуреници, жителите на Берово се најзависни од лекови. Процентулано, секој беровчанец реализирал по 17 рецепти. Најмалку апчиња пијат граѓаните на Крушево и Гостивар со 6 односно 7 рецепти по осигуреник.

Заклучоците на Фондот за здраствено осигурување се дека зголемувањето на количините на обезбедени лекови како и вкупните износи потрошени за лекови на рецепт бележат значителен пораст во последните три години. Потрошувачката на лекови е различна во градовите на што влијаат пропишувачките навики, структурата на населението и други фактори.

 Здравство24

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1