Во САД педофилите мора на комшиите да им кажат дека се осуденици


Кога педофил осуденик по извршувањето на затворската казна ќе се најде на слобода и ќе се пресели во нова населба, според законите на некои од државите во САД мора на градските/општинските власти да им се пријави и да ги извести соседите, или пак тоа го прават општинските власти – се со цел да се заштитат децата.

pedos1На тој начин и на педофилот му е многу потешко да го повтори делото – бидејќи и пристапот до децата му е ограничен или е под надзор на родителите, велат експертите. Ова се прави од една проста причина – педофилот најчесто го повторува делото кога за тоа му се пружа прилика – сексуалниот нагон е невозможно да го контролира ако му се укажува прилика – единствен начин за самоконтрола е ако нема пристап до деца, велат експертие.

Токму затоа и во многу развиени земји постои регистар на педофили – а мерките за заштита се најразлични, од екстремното чукање на врата кај соседите и понижување – до објавување на фотографии на интернет во регистарот заедно со новите адреси на осудените педофили.

Регистрите на педофили функционираат во речи си сите развиени демократски земји. Во САД, речи си секоја од сојузните држави има посебен регистар на сексуални претстапници каде осудениците се бележат со слика, име презиме и адреса каде што живеат.

Американските граѓани можат преку интернет да проверат дали некој педофил ги демне нивните деца во местото каде што живеат и на колку километри од нив е оддалечен првиот сексуален престапник, познат на полицијата.

Покрај овој ситем, целосен регистер со сите секусуални престапници на ниво на цела Америка води и ФБИ, кој исто така е јавен и каде сите можат да ги проверат податоците.

Регистри постојат и во голем број европски држави.

Свој регистар има и Македонија, но пред неколку дена Уставниот суд на иницијатива на осудени педофили, најави постапка за преиспитување на уставноста и проверка дали се кршат човековите права на педофилите во Македонија

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1