Ракометарите секогаш победуваат на Водици


Македонските ракометари од 17 часот играат против селекцијата на БиХ во третото коло од Мундијалот во Катар. По врзаните две победи против Тунис и Иран, избраниците на Ивица Обврван  ќе атакуваат на целиот плен против балканскиот тим, со што широко ќе се отворат вратите за подобар пласман во групата Б и полесен противник во осминафиналето.

rakometari

Традицијата покажува дека секогаш кога нашите ракометари играат на Водици, тие победуваат. На Водици пред три години на ЕП во Србија, Македонија во клучниот натпревар за пласман во следната фаза ја совлада Чешка со 27:21 и ја оствари целта.

Исто на Водици во 2009 година Македонија ја совлада Полска и си ги подотвори вратите на втората фаза од Светското првенство во Хрватска. Македонските ракометари тогаш го победија светскиот вицешампион со 30:29 во Вараждин, потоа продолжија во Задар и на крајот во Загреб го освоија 11. место.

Да се надеваме дека оваа традиција ќе продолжи и утре и нашите ракометари со победа над Босна и Херцеговина ќе стигнат до третата победа во Катар, со што во најмала рака ќе биде обезбедено третото место во групата.

Kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1