СВР Струмица соопшти дека во јули 2012 година, на бензинската пумпа „Лукоил Македонија“ , пријавениот како раководител не ги внесувал целосно парите од дневниот промет во книговодствените евиденции на бензинската пумпа, при што ја оштетил компаниите за дури 2.5 милиони денари.
Во намера да се стекне со противправна имотна корист, присвоил парични средства во износ од 2.088.999 денари остварени со продажба на гориво, како и стока и прехранбени производи во износ од 393.400 денари, оштетувајќи ја бензинската пумпа во износ од 2.482.399 денари.