Пари за пензии има, работа нема!


Еден од врвните приоритет на владата е редовната исплата на пензиите, изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски. Тој тврди дека пензии имало, има и ќе има.

– И покрај тоа што има разни коментари и обиди да се создаде паника кај паензионерите, тие сценарија се покажаа како неточни. Пари за пензии има и ќе има и тука не треба да има грижа. Владата не размислува да има некаква корекција на исплатата, а уште помалку во ниту еден момент не сме размислиле да има намалување на висината на пензиите, изјави министерот Ристовски.

Сепак пензии има но работа нема. Младите седат дома и чекаат да земат пензија нивните баби и дедовци. Стапката на невработеност е сеуште на високо ниво. Младите се принудени да работат за минималец и тоа да трпат притисоци од газдите и неиздржливо работно време – се разбира и оваа работа ако воопшто можат да ја најдат.

Се поставува прашањето – Дали денешната младина ќе дочека пензија воопшто доколку се продолжи со моменталниот тренд на невработеност и колкава пензија ќе чекаат младите кои сега имаат минимална плата или воопшто ја немаат????

На оваа тема истражуваше и МКnews.MK текстот ОВДЕ

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1