Рама: Ја жалам ЕУ, се надевам дека ќе можеме да им помогнеме


Албанскиот премиер Еди Рама на прес-конференција по Самитот во Брисел изрази жалење за Европската Унија бидејќи како што рече една земја членка на ЕУ го киднапира целиот евроинтегративен процес за Северна Македонија и Албанија. Според него , разочарувачки е што дури за време на пандемија и глобална застрашувачка војна ,државите не успеале да се обединат.

„Дозволете ми да ја изразам длабоката тага за Европската унија. Жалам за ЕУ и се надевам дека можеме да помогнеме. На состанокот се обидов да кажам одредени работи, но Шарл Мишел ни рече дека имаме по 3 минути. Ќе ми требаа само 30 секунди ако Унијата го испорача она што требаше, но тоа не го стори и затоа 3 минути не беа доволни. Им реков дека е и добро и лошо да се биде овде. Добро е, зашто сме тука меѓу Европејци, но е лошо бидејќи се уште не сме слушнати како Европејци, туку како гости во една поделена куќа.“ изјави Рама на заедничката прес-конференција со Ковачевски и Вучиќ.

Рама рече дека главна тема на состанокот била Северна Македонија, која веќе 17 години чека да стане членка на ЕУ и изрази надеж дека во иднина нема да се појави некоја „друга или трета Бугарија“ која повторно ќе го кочи процесот.

„Ние имаме многу да направиме. Од една страна јас мислам дека сме направиле многу и уште ќе направивме за да ја поддржиме идејата на Макрон, за една цел што е стратешка политика и ќе го продолжиме нашиот пат, со надеж дека до идниот век ќе станеме членка. Би ценеле доколку оваа нова политичка заедница на Европа ни овозможи сите да бидеме заедно во една куќа како едно семејство“ додаде Рама.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1