Рама ќе стане почесен граѓанин на српско Прешево,го пречекаа со транспаренти „Прешево, Медвеѓа и Бујановац се Албанија“


На главниот плоштад во градот тој беше пречекан со црвен ќилим и со овации од илјадници граѓани, кои носеа албански знамиња и пееја албански песни. Имаше и транспараенти на кои стоеше: „Прешево, Медвеѓа и Бујановац се Албанија“_Upload_Vesti_presheva-rama_20141111133118

Албанскиот премиер Еди Рама во рамки на официјалната посета на Србија ги посети Прешево, Медвеѓа и Бујановац општините со албанско мнозинство на југот на земјата. На главниот плоштад во градот Прешево тој беше пречекан со црвен ќилим и со овации од илјадници граѓани, кои носеа албански знамиња и пееја албански песни. Имаше и транспараенти на кои стоеше: „Прешево, Медвеѓа и Бујановац се Албанија“ и „Албанијо потребна си и на прешевската долина“. Во Прешево од вчера се поставени билборди на кои пишува „добредојде премиеру“, а утринава дојде и до помал инцидент кога непознато момче фрли црна боја врз еден од билбордите. Посетата на Рама на албанските општини во Србија се одвива под невидени мерки за безбедност при што се ангажирани огромен број припадници на српската жандармерија. На вториот ден од официјалната посета на албанскиот премиер на Србија се уште се чувствува нервозата по вчерашниот инцидент во Белград, кога тој пред српскиот колега Вучиќ зборуваше за независноста на Косово како за свршен чин со кој Србија мора да се помири.

–  Јас и натаму не гледам каква врска има Албанија со Косово. Но при посетата на Рама се покажа дека приказните за голема Албанија не се само наш кошмар туку и нечии пусти соништа – изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ.
Рама кој денеска е прогласен за почесен граѓанин на Прешево се обиде да ги смири тензиите. Изјави дека разговорите со Вучиќ биле искрени и директни и дека во Белград се чувствувал одлично. Според српските медиуми тој на лидерите на Албанците во Србија им порачал дека секогаш ќе биде со своите сонародници, но дека има обврска и да го почитува уставот на земјата во која е дојден како гостин.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1