Рама: Обединување на Албанија и Косово по договорот на Белград и Приштина


Албанија го охрабрува постигнувањето на финален договор меѓу Белград и Приштина, бидејќи тој ќе овозможи обединување на Албанија со Косово, изјави албанскиот премиер Еди Рама

Рама во емисија на приштинска телевизија зборуваше за конечниот договор на Косово и Србија и во таа прилика, како што пренесува сајтот Зери, кажа дека Тирана го охрабрува неговото постигнување, што го поддржуваат и САД и Европската Унија, а кој ќе овозможи обединување на Албанија и Косово.

„Мојот став е дека конечниот договор меѓу Србија и Косово кој ќе резултира со признавање на Косово и конечно одвојување од историјата со Србија, признаен и гарантиран од Соединетите Држави и Европската Унија, е договорот што го сакаме“, кажа Рама.

Според Рама, Албанците не се тука да им делат лекции на САД и Германија, ниту пак „да го креваме носот и да му кажуваме на Косово што да прави“.

„Ние сме тука за да го поддржиме договорот и јас сум тука за силно да го поддржам договорот кој го поддржуваат оние што му ја вдахнаа на Косово слободата и демократијата. Косово не го ослободи (претседателот на Албанија) Иљир Мета, туку оние кои денес имаат права и задачи, САД и ЕУ, да ги поттикнат двете страни на конечен договор и врз основа на тој договор да се обедини Албанија со Косово“, кажа албанскиот премиер и праша: „Дали тоа го сфаќате? Со кого јас тука разговарам, со кого?“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1