Со македонски пасош во 125 земји без визи


Со македонски пасош во 125 земји без визи Македонија е на 43-то место на листата земји чии пасоши овозможуваат најлесно патување, покажува рангирањето што го направи Henley Passport Index за 2019 година.

Со македонски пасош слободно, без виза, може да се патува во 125 земји.

Од земјите во регионот, пасош со кој најлесно се патува има Грција која е на седмото место, Словенија е на 11. место, Бугарија е на 19-то, Хрватска е 20, по неа е Србија на 40. место, Црна Гора на 45-то, Босна и Херцеговина на 49, Албанија на 50, а најслабо рангирано е Косово на 90. место.

Најмоќен пасош има Јапонија, а по неа се Сингапур, Јужна Кореја, Франција и Германија.

На дното на листата од вкупно рангирани 190 земји се Пакистан, Сомалија, Сирија, и Авганистан

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1