На свечената седница на косовскиот парламент, албанскиот премиер Еди Рама предложи еден сенационален претседател и една национална безбедносна политика за Албанија и Косово.
Рама истакна дека за десет години двете земји ќе може да имаат еден претседател.
– Косово и Албанја ќе имаат една надворешна политика, а не само амбасади. И дипломатското претставување ќе биде исто, па зошто не еден претседател – симбол на нацоналното единство и една национална безбедносна политика, порача Рама во своето обраќање во парламентот во Приштина.
Тој рече дека оваа идеја сега е неостварлива, но дека може да се реализира во иднина.
– Историјата не советува дека се што може да се сонува не е невозможно и да се реализира, посочи Рама.